Тојота соопшти дека во јули ја направила 50.000.000-тата копија од нејзиниот бестселер и најпродаван модел во историјата на автомобилската индустрија. Корола дебитираше во 1966 година, а 12 -та генерација на овој автомобил во моментов е во продажба.
За споредба, Фолксваген успеа да продаде „само“ 21 милион примероци од оригиналниот Буба, и вклучувајќи го моделот „Нова Буба“, достигна 23 милиони, додека Форд еднаш застана на „само“ 16,5 милиони од легендарниот модел Т.
Автомобилот, развиен во средината на 1960-тите, беше замислен како „народен“ автомобил, со пространа кабина и задна клупа. Тојота се одлучи предните седишта да бидат одвоени, а рачката на менувачот беше спуштена на подот помеѓу возачот и совозачот, што беше иновативно решение во тоа време.
На новиот модел му беа потребни само три години за да стане најпродаван автомобил на домашниот, јапонскиот пазар, по што Корола тргна да го освои светот.
Само две години по лансирањето, Тојота успеа да продаде 1,1 милион автомобили, кои беа произведени во фабриката Такаока, изградена за производство на Корола.
Извозот во Соединетите држави, во тоа време најважен и најголем, но и најконкурентен пазар во светот, започна во 1968 година.
Во 1997 година, Тојота Корола стана најпродаван модел во светот на сите времиња, со вкупна продажба што достигна 22,65 милиони возила.
Сепак, многу љубители на автомобили се уште ја оспоруваат нејзината титула, тврдејќи дека автомобилот се променил толку многу во овие 12 генерации и 55 години, што повеќе не е истиот модел, и покрај тоа што го носи истото име.
Затоа, некои веруваат дека би било поправедно титулата светски бестселер да припаѓа на Фолксваген Буба (оригинална верзија), тврдејќи дека неговото тело од 1936 година може да се монтира на шасијата на најновата верзија на овој автомобил од 2003 година, и обратно, пишува Б92.