ПОВЕЌЕ

    Кој е „Изо стоне“ што влезе во „Македонијатурист“?

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Изо стоне“ влезе во сопственичката структура на „Македонијатурист“ и поседува 6,62 проценти од акциите. „Изо стон“ е градежна компанија со седиште во Тетово, која лани остварила вкупни приходи од 2,4 милиони евра, што е пад од 28,46% во споредба со 2022 година. Ова друшво кое врши продажба на премиум станови, со својата работа има остварено добивка од 886 илјади евра, и има раст од 23,82% во однос на преклани.

    Приходите од 2019 година имаат огромна разлика кога ќе се спореди со 2023 година. Во 2019 година прометот на „Изо стоне“ изнесувал над 7 илјади евра, што значи компанијата остварила огромен напредок за четири години. Додека, пак, нето добивката изнесувала само 637 евра. Според податоците на БизнисМрежа, во 2020 година профитот бил изненадувачки помал – 260 евра. А, во 2022 година нагло скокнал на 716 илјади евра.

    Просечниот број на вработени врз основа на часови на работа во пресметковниот период во апсолутен износ е 3 за 2023 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично