ПОВЕЌЕ

    Кои се вашите најголеми грижи околку парите?

    Време зa читање: 2 минути

    Веруваме дека зборувањето за финансиски предизвици им помага на сите. Ја разбива бариерата на идејата дека зборувањето за пари е табу тема.

     

    Тоа започнува со значајни разговори за пари и им помага на сите да знаат дека не се сами, без оглед на нивните финансиски борби.

    И што е најважно, тоа ви ја враќа вашата моќ. Моќ да препознаете каде недостасувате финансиски, каде може да се подобрите, и ви дава сила да бидете отворени за тоа и ви дава храброст за да направите позитивни промени.

    Голем дел од луѓето сметаат дека не се платени доволно. Уверени се дека во нивното сегашно работно место нема многу простор за напредок, и дека единствено решение е да се бара нова работа.

    Најголемата финанска грижа на пример на самохраните мајки е да се издигнат над нивото на сиромаштија. Работите би биле далеку полесни доколку тие живеат со партнер со кои ќе можат да ги споделуваат трошоците.

    За друга група на луѓе, главниот финансики предизвик е тоа што има многу што незнаат. Се чувствуваат глупаво кога поставуваат прашања и се осеќаат презаситени од сите системи за буџетирање.

    И секако, еден од најчестите финансиски предизвици е преголемите долгови. Огромен број на луѓе живеат со кредити, и се задолжени кон разни финансиски институции. Во случај кога платата нема да биде редовна или па уште полошо, кога ќе ја изгубат работата, тогаш ситуацијата може да стане неподнослива.

    Во која група спаѓате вие? Дали сте свесни за сериозноста и дали ги превземате правите чекори? Едуцирајте се колку е можно поскоро, за да можете да си го дозволите животниот стил кој го посакувате.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично