ПОВЕЌЕ

    Кои се новите Samsung Galaxy уреди од фан едицијата?

    Време зa читање: 6 минути

    Samsung ја заокружи изминатата 2023 со лансирањето на новиот Galaxy S23 FE во декември, и со тоа ги награди своите верни корисници со долгоочекуваниот модел од фан едицијата.

    Со фан едицијата Samsung испорачува уред во кој се инкорпорирани мислењата и искуствата на корисниците за флегшип телефоните, спакувани во нов уред со акцент на перформасите на функциите кои корисниците најмногу ги вреднуваат при својот избор на телефон. Па така, за минатогодишнте флегшип телефони од серијата Galaxy S23, Samsung изминатиот месец непосредно пред крајот на годината, го лансираше новиот Galaxy S23 FE телефон кој го поседува единствениот шарм и фантстичните перформанси на Galaxy S23 серијата, со особени перформанси на камерите и извонредно сеопфатно мобилно искуство со гледањето.

    Galaxy S23 FE – феноменален телефон со неверојатна камера и врвни перформанси за гејмање

    Опремен со 4 камери – селфи камера, ултра-широка камера, широко-аголна камера и телефото камера со 3х оптички зум, Galaxy S23 FE  нуди перформанси со кои вашите слики и видеа ќе бидат совршени и дење и ноќе. Дури ни силна дневна светлина нема да пречи јасно да ги гледате кадрите на 6.4-инчниот Dynamic ALMOLED 2x екран, ниту пак ќе ја наруши живописноста на боите на вашите фотографии. А во ноќите ќе можете на слабо осветлување, во амбиентално опкружување да сликате во исти јасни и детални бои, како и  да снимате со намалена бучава. Со високата резолуција од 50 MP и 3x оптичкиот зум се доловува секој детал и се создаваат спомени кои ќе траат засекогаш. Секако, тука е функцијата Nightography за креирање магични селфи фотографии, портрети во јасни и живописни бои дури и ноќе. Па така, не треба воопшто да се сомневате дали вашите фотографии или видеа ќе бидат доволно добри, туку напротив – ќе бидат извонредни. Дополнително, тука е и функцијата Photo Remaster со која старите заматени слики ќе добијат нов сјај за повторно восхитување на старите спомени. Ако посакате, телефонот Galaxy S23 FE може биде ваше вистинско студио во движење, каде што ќе ги уредувате вашите креации со напредни функции и ќе ги споделувате со светот.

    Но, моќните перформанси на камерата не се единствените кои го прават Galaxy S23 FE феноменален избор за телефон за сите фанови на Samsung Galaxy телефоните. Неговиот моќен процесор со осум јадра е феноменален за гејмање кој овозможува беспрекорно играње игри и проследување содржини, а благодарение на системот за разладување, уредот останува ладен дури и во најдинамичните моменти. Истовремено, долготрајната батерија од 4500 mAh гарантира дека вашиот уред е секогаш подготвен за нови авантури, додека динамичниот AMOLED 2X екран може да се пофали со технологијата Vision Booster, која автоматски ја прилагодува осветленоста на екранот според околината. Отпорот на вода и прашина според стандардот IP68 го прави Galaxy S23 FE симбол на сила и издржливост – карактеристики за одличен подарок што ќе го придружува својот сопственик во различни околности и ситуации.

     Таблетот Galaxy Tab S9 FE е создаден за премиум искуство при гледањето, придружувано од аудио перформансите на Galaxy Buds FE слушалките  

    Но, фан едицијата не е само ограничена на телефон, туку од неа произлезе и серијата таблети Galaxy Tab S9 FE, како и новите врвни слушалки Galaxy Buds FE. Со функцијата Multi Control можете телефонот да го поврзете со овие, а и со други ваши уреди во Galaxy екоситемот, што ќе ви овозможи брза и лесна интеракција, додека пак со функцијата Quick Share лесно ќе ги уредувате содржините со супербрз пренос помеѓу уредите. На пример, со еден клик ќе можете вашите фотографии да ги префрлите во еден од таблетите од новата врвна серија Samsung таблети Galaxy Tab S9 FE, и да ги гледате на екран од 10,4 инчи или 12,9 инчи. Совршени за гледање филмови, серии или било какви содржини и да посакате, на овие таблети не им пречи ниту директна сончева светлина на отворено да ви пружат врвно искуство за гледање. Без разлика дали станува збор за Galaxy Tab S9 FE, или Galaxy Tab S9 FE+, ве очекува таблет со високи перформанси за непречен и брз мултитаскинг, стриминг и гејминг кој совршено ќе се вклопи во вашиот стил. Кај овие таблети го имате и извонредното и редизајнирано пенкало S Pen, магнетски прикачено на задната страна од таблетот, кое ви дава и друг аспект на употребливост – да запишувате како на хартија, да скицирате и да цртате со извонредна прецизност, или пак во поддржаниот програм S Pen Creator Edition да го остварите сиот ваш креативен потенцијал.

    За да FE искуството биде заокружено, тука се и слушалките Galaxy Buds FE, кои се незаменливи придружници во секојдневниот живот. Автоматското префрлување звук помеѓу различни уреди без рачни поставки овозможува непречено слушање музика или гледање видео содржини на различни уреди. А со функцијата SmartThings Find нема да ги изгубите омилените слушалки, бидејќи ќе можете лесно да ги лоцирате. Компактниот и ергономски дизајн на слушалките Galaxy Buds FE овозможува не само извонредно искуство при слушањето, туку и можности да ја блокирате несаканата бучава со опцијата за активно откажување на бучавата, да ги персонализирате со разни перничиња и непречена синхронизација со останатите Galaxy уреди.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично