Македонска берза привремено го стопираше тргувањето со акциите на Реплек откако во јавноста излезе информација дека мнозинството акционери го резрешиле Управниот и Надзорниот одбор заедно со генералниот директор Иван Туџаров, незадоволни од нивната работа.
Додека Реплек не излезе со официјално соопштение, Пари.мк ви ги објавува инвеститорите што поседуваат над 5% од акциите на компанијата:
Инвеститори кои поседуваат над 5% акции во Реплек се:
- Отворен Задолжителен Пензиски Фонд Сава Пензиски Фонд 6,40%
- Славица Туџарова Трајковска 11,57%
- Владимир Пецовски 5,79%
- Душан Пецовски 11,92%
- Друштво за трговија и услуги Ситко Антонио ДООЕЛ Скопје 6,10%
- Иван Туџаров 11,20%