ПОВЕЌЕ

    Која информација ги разбесни банкарите?

    Време зa читање: 2 минути

    Кои информации беа причината Народната банка и банкарите да одржат средба и да излезат со заедничко соопштение повикувајќи ги граѓаните за потребните информации да прашуваат во матичните банки, а не да им веруваат на лажните вести по социјалните мрежи?

    Од банкарскиот сектор информираат дека во изминатите две недели на социјалните мрежи имало масовно споделување на информации, а кои биле насочени кон подривање на банкарскиот сектор во земјава. И тоа дезинформации биле ширени за неколку банки, а не само за една.

    Твитови со објави за наводно пропаѓање биле објавувани за Стопанска банка-Скопје, Стопанска банка-Битола, Капитал банка, за Прокредит банка…Објавите се ширеле на социјалните мрежи како и на портали позади кои не се знае кој стои.

    Од Македонската банкарска асоцијација(МБА) потенцираа дека за секоја информација граѓаните треба да се обратат до банките или да ги следат редовно финансиските извештаи на банките.

    -Граѓаните нека ги читаат финансиските извештаи, а не да веруваат на рекла казала. Ние имаме обврска секои шест месеци да објавуваме извештаи за работењето, како и годишни извештаи. Транспарентни сме и котираме на берза каде што постојано објавуваме информации за работењето, велат од МБА.

    И премиерот Зоран Заев денеска изјави дека македонските банки се стабилни и ликвидни, а дезинформациите сакаат само зло да му нанесат на банкарскиот сектор.

    Редакција Пари 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично