ПОВЕЌЕ

    Кога во УЈП дознале за нивните инспектори вмешани во случајот Кочани – Елена Петрова во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Случајот Кочани беше најголемиот удар врз УЈП во последните години и тоа не само поради огромната трагедија, туку затоа што има инволвирани и даночни службеници. Директорката на УЈП Елена Петрова вели дека во институцијата за тоа дознале во неделата, после емитувањето на емисијата на ИРЛ. Затоа, веднаш во понеделникот свикале вонреден состанок со сите раководители. Таа нагласува дека ваквите „вонредни настани“ ја отворија потребата за построги механизми на внатрешна контрола, но и промена на организациската структура.

    „Значи, сторијата ја доживеавме како еден силен удар врз угледот и интегритетот на организацијата и како еден вонреден настан да речам, тоа беше во недела. Во понеделникот веднаш имавме еден вонреден состанок во УЈП на сите, да речеме релевантни функции и раководители, и веднаш утврдивме дека службениците треба да бидат суспендирани. Мислам бека  бевме и транспарентни и на прашања од новинарите веднаш и објавивме дека тие двајца службеници се суспендирани од работните места и поведовме и дисциплински постапки.“

    Следете не и притиснете „Subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично