ПОВЕЌЕ

    Кога растат приносите на државните обврзници, расте и перцепцијата за ризик – Горан Марковски од КБ Инвест во „Каде се парите?

    Време зa читање: 2 минути

    Државните обврзници често се сметаат за најсигурна инвестиција, но нивното движење открива многу за тоа како пазарите ја проценуваат економската состојба. Кога приносите растат, тоа обично значи дека инвеститорите бараат поголема компензација за ризикот што го преземаат. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Горан Марковски од КБ Инвест објаснува дека повисокиот принос е директно поврзан со пад на цената на обврзницата. Тој укажува дека односот меѓу цена и принос е клучен за разбирање на движењата на пазарите. Рочноста на обврзницата дополнително влијае на нивната чувствителност на ризик. Во моментов најсигурни обврзници не се американските. Кои се, одговорот е во поткастот.

    „Тоа покажува дека инвеститорите бараат поголем принос, односно сметаат дека вложувањето има поголем ризик и заради тоа оценуваат дека е потребно по пониски цени да ги купат обврзниците за да го обезбедат тој повисок принос. Така е соодносот помеѓу принос и цена. Колку што е повисок бараниот принос, толку е пониска цена. Исто така на оваа поврзаност се надодава и временскиот период, односно рочноста на обврзницата. Колку е подолга обврзницата, толку поголем е ефектот врз цената кога се зголемува приносот. “

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично