ПОВЕЌЕ

    „Кланица со ладилник“ Струмица извезува јагниња и зголемува профит

    Време зa читање: 2 минути

    Струмичката „Кланица со ладилник“ има добар старт. Од јануари до март бележи резултати кои не само што се повисоки од оние во истиот лански период, туку се и над минатогодишните остварувања. Чиста добивка од над еден милион евра е запишана во неревидираниот биланс на успех, а зголемени се и приливите што ги стекнува на домашниот, а особено на странските пазари.

    Од тримесечната продажба на видовите месо и колењето стока компанијата на приходната страна бележи 116 милиони денари или скоро 1,9 милиони евра. Тоа е за половина милион евра повеќе од состојбата во истиот минатогодишен квартал. Од тој вкупен износ, на домашниот терен се инкасирани 21,4 милиони денари (348,6 илјади евра). Поголемиот исчекор е направен на странските пазари, од нешто над еден милион евра во ланскиот тримесечен период на 94,55 милиони денари, што е повеќе од 1,5 милиони евра. Овие средства, конкретно, се од продаденото јагнешко. Како што наведуваат од „Кланица со ладилник“, јагнињата се извезени во Хрватска.

    Оттаму и добивката од – 65,6 милиони денари, односно од над милион евра. За споредба во истиот период лани изнесувала 626,6 илјади евра. Во текот на минатата година, освен во Хрватска, јагниња извезувале и во Бугарија, Грција и во Италија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично