ПОВЕЌЕ

    ЌЕ БИДАТ СТАВЕНИ НА „ТАПЕТ“ ФИРМИТЕ кои не ги почитуваат владините мерки

    Време зa читање: 2 минути

    Имињата на фирмите за кои инспекцијата утврдила дека не ги почитуваат владините мерки за замрзнување на цените, ќе бидат јавно соопштени. Информацијата дојде од првиот пазарен инспектор, Горан Трајковски, кој дополни дека тоа ќе биде сторено по целосното завршување на постапките.

    Меѓу констатираните прекршоци од страна на Државниот пазарен инспекторат се и непочитување на замрзнатата цена на лебот од 33 денари, несоодветна грамажа, немање најмалку 80 отсто од производите на рафтовите.

    „Ќе ги кажам имињата на фирмите кои ги прекршуваат владините одлуки кога ќе завршат постапките. Се издаваат платни налози и до завршување на предметот нема да ги кажам имињата, туку после тоа“, рече Трајковски.

    Притоа нагласи дека сите инспектори се на терен, а само во последните пет дена се извршени повеќе од 500 надзори, меѓу кои 130 по владините одлуки. Утврдени се шест прекршоци кои ќе ги чинат сторителите 750.000 денари, или нешто повеќе од 12 илјади евра.

    „Располагаме со вкупно 160 инспектори, што е многу мал број, но постапуваме и на пазарите, а на нашата интернет страница информираме за контролите секој ден“, посочи Трајковски, кој истовремено апелираше трговците, ако имаат можност, да ги намалат цените и на другите производи, зашто владините одлуки се во интерес на граѓаните.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично