ПОВЕЌЕ

    Ќире Ицев сопственик на 200 нови акции на „Алкалоид“

    Време зa читање: 2 минути

    Ќире Ицев, член на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје купи 200 обични акции издадени од фармацевтската компанија.

    Известувањето дека директорот на Службата за општи работи на скопски „Алкалоид“ се стекнал со нови 200 обични акции дојде преку Македонска берза.

    Во деловниот свет, кога членови на управните одбори купуваат акции е знак за стабилноста на фирмата. Кај македонскиот фармацевтски гигант, тоа е редовна пракса.

    Инаку, акционерите на „Акалоид“ на 17 мај ќе добијат дивиденда во нето износ од 441 денар по акција.

    Од реализираните минатогодишни активности „Алкалоид“ оствари нето добивка од 22,8 милиони евра. За дивиденда и за данок на личен доход се издвоени 11,35 милиони евра, а за инвестиции се распределени 11,49 милиони евра. Дел од ланските резултати од работењето се и 231,9 милиони евра остварени од продажба, 16 проценти раст кај извозот, 23,9 милиони евра инвестиции, 187 нови вработувања.

    Компанијата извести дека 18 април е последниот датум на тргување со право на дивиденда, а прв датум на тргување без право на дивиденда е 19 април.

    Право на исплата на дивиденда за 2022 година имаат сите акционери кои се евидентирани во книгата на акции на 20 април.

    Воедно, „Алкалоид“ ги повика акционерите кои не доставиле податоци за своите трансакциски и жиро сметки да се јават во Друштвото најдоцна до 12мај, на телефонскиот број 3104-252 – Реферат акционерство и имотни прашања.

    Инаку, акциите на Алкалоид, кои со текот на годините се потврдија како едни од најтргуваните и најликвидните, од 2002 година котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност.

    „АЛКАЛОИД“, ЈА РАЗБИВА БАНКАРСКАТА „МОНОТОНИЈА“ во топ пет најтргувани акции

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично