ПОВЕЌЕ

    Кинеските регулатори бараат поделба на „Ант груп“

    Време зa читање: 2 минути

    Информациите дека кинеската влада има намера да го раситни бизнисот на Ant Group Co. предизвика немир кај инвеститорите и пад на вредноста на акциите на кинескиот технолошки сектор, така што индексот Hang Seng Tech ослабе во понеделникот за повеќе од 2,2 проценти.

    Пекинг сака да го одвои работењето на платформата за плаќање преку Интернет „Алипеј“, која припаѓа на групацијата „Ант“, чиј сопственик е Џек Ма, кој од минатата година е во немилост кај кинеските власти и ретко се појавува во јавноста. „Алипеј“ има повеќе од милијарда корисници, а властите бараат да се оддели од кредитните активности, дознава ФТ.

    Кинеските регулатори, наводно, веќе ѝ наредиле на групацијата „Ант“ да оддели две кредитни единици во посебен ентитет – „Хуабеи“, што е слично на традиционалните кредитни картички и „Џиебеи“, која обезбедува мали необезбедени заеми. Регулаторите бараат овие две компании за кредитирање да имаат и своја независна апликација. Исто така, Ant Group ќе треба да ги предаде податоците за корисниците врз основа на кои одлучува за доделување заеми, а новата услуга би требало да биде делумно во државна сопственост.

    Според упатените, владата во Пекинг верува дека монополската моќ на големите технолошки компании доаѓа од нивната контрола на податоците и сака да ја прекине. Овој потег на владата најверојатно ќе го забави кредитирањето преку услугите „Хуабеи“ и „Џиебеи“, во рамките на единицата „Credit Tech“, која оствари 39 проценти од приходите на „Ант груп“ во 2020 година.

    Големината на споменатата единица, која минатата година издаде една десетина од нехипотекарни потрошувачки заеми во земјата, ги изненади регулаторите, кои беа загрижени за „предаторско“ кредитирање и ризичнo финансирање, пренесува Biznis.rs.

    Акциите на компанијата „Алибаба“ во сопственост на групацијата „Ант“ загубија повеќе од 4 отсто од вредноста во понеделникот. Во исто време, акциите на „Тенсент“ паднаа за 2,45 проценти, додека вредноста на акциите на компанијата „Меитуан“ паднаа за 4,47 проценти, пренесува Фортун.
    Последните ограничувања се продолжение на повеќемесечните притисоци врз акциите на кинеските технолошки компании, откако владата забрани профитирање во компаниите за подучување, предизвикувајќи инвеститорите да загубат 1.000 милијарди долари преку ноќ. Пред тоа, властите го запреа растот на бизнисот на компанијата „Диди“, а загриженота на инвеститорите сега се засили. Индексот Hang Seng Tech оваа година падна за 22 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично