„Летечки автомобил“ изграден од кинескиот производител на електронски возила Xpeng Inc го направи својот прв јавен лет во Обединетите Арапски Емирати, додека компанијата работи на лансирање на електричниот авион на меѓународните пазари.
X2 е електричен авион за вертикално полетување и слетување (eVTOL) со две седишта кој се крева со осум пропелери – по два на секој агол од возилото. Пробниот лет без екипаж во понеделник во Дубаи, кој траеше 90 минути, беше опишан од неговиот производител како „важна база за следната генерација летечки автомобили“.
Ние правиме чекор-по-чекор кон меѓународниот пазар“, рече Мингуан Киу, генерален менаџер на Xpeng Aeroht. „Прво го избравме градот Дубаи, бидејќи Дубаи е најиновативниот град во светот“.