„Улогата и влијанието на пазарот на капитал врз економскиот развој на земјите од Западен Балкан“ е избран како најдобар труд и ја доби годишната награда на Комисијата за хартии од вредност за млади истражувачи 2023. Автор е Рудина Етеми.
Второнаграден е „Обид за предвидување на цената на акцијата на Макпетрол АД Скопје преку статистичкиот модел ARIMA и влијанието на војната меѓу Русија и Украина врз цената“ од авторите Диедон Рамадани и Џихад Шабани.
Трудот насловен „Улогата на пазарот на капитал во зелено финансирање – Издавање на зелени обврзници” ја понесе третата награда, што им припаѓа на Парајса Кокале и Самие Незири – Џабири.
На добитникот на најдобриот труд му се доделува парична награда од 50 илјади денари, на второпласираниот 30 илјади, а третата награда е во износ од 20 илјади денари.
Изборот е направен од страна на Одборот за оценување и избор на најдобар труд од областа на пазарот на капитал во состав: д-р Вјолца Хасани Лимани, професор на Универзитетот во Тетово – претседател, д-р Димитар Гелев, професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје; д-р Аргетим Салиу, професор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје; м-р Габриела Јовева Ѓуровска, главен советник за односи со јавност во КХВ и Мате Стојановски, главен правен советник во КХВ.
Оваа награда се доделува од 2019 година. Тоа е активност со која КХВ има за цел да го поттикне развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на пазарот на хартии од вредност, со што ќе се афирмираат младите и стручни кадри.