Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 163-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое даде согласност на физичкото лице Петар Андреевски да стекне квалификувано учество во Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови “ВФП Фонд Менаџмент” АД Скопје.
Со тоа, на Андреевски му се одобрува дополнително да стекне 10.500 обични акции што претставува 2% од вкупно издадените акции со право на глас.