ПОВЕЌЕ

    Ќе се затворат илјада, ќе се отворат над илјада работни места – Мицкоски најави нов инвестициски бран

    Време зa читање: 2 минути

    До крајот на годинава би требало да се потпишат договори четири или пет договори за нови инвестиции. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски и нагласи – „очекувам над илјада нови работни места коишто би се креирале само како резултат на овие потпишувања“.

    „Ние како влада се обидуваме и успешни сме во тоа да привлечеме што е можно повеќе компании. Би рекол дека сме едни од најконкуретните во Европа и тоа го покажуваме и со бројки и со дела“, рече Мицкоски, посочувајќи дека за споменатите инвестиции преговорите се во завршната фаза.

    Според него, „не е крај на светот ако некои компании се затворат“, бидејќи такви се условите на пазарот. Тоа е неговиот коментар за информациите дека две американски компании заминуваат од Бунарџик, а како последица, илјада лица ќе останат без работа.

    „Тоа не е нешто што треба да не загрижува. Ќе има компании кои што се отвораат, ќе има компании кои што се затвораат, и домашни и странски, и тоа не треба да се сфаќа како нешто кое што претставува крај на светот“, а како пример го посочи „Костал“, каде што денес беше во посета и од каде што е најавен нов инвестициски циклус од 30 милиони евра и 200 вработувања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично