ПОВЕЌЕ

    Ќе се проширува опфатот на ранливите потрошувачи на енергија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Владата  ја разгледа информацијата за формирање работна група за разгледување можности за проширување на опфатот на ранливите потрошувачи на енергија во Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија.

    За утврдување на оваа можност, Владата ги задолжи Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство, Управата за јавни приходи и Министерството на финансии и се укажува на Регулаторна комисија за енергетика, ЕВН ХОМЕ, и Електродистрибуција, да номинираат по еден член и заменик член во Работната група, а Министерството за труд и социјална политика да номинира членови и заменици членови кои имаат пристап до бази на податоци потребни за работата на Работната група да ги достават потребните информации до Министерството за економија како ресор носител на иницијативата, соопшти владината прес-служба.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично