ПОВЕЌЕ

    Ќе се одржи 53. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

    Време зa читање: 2 минути

    На 19 декември 2024 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 53. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.  

     На сесијата ќе бидат презентирани трудовите:

     „Проценка на ефикасноста на јавните трошења во земјите од Југоисточна Европа – техника за анализа на обвивка на податоци (DEA)” од авторите Весна Гарванлиева Андонова и Борче Треновски и „Хиерархиска економска анализа на меѓународната трговија со услуги” од авторите Филип Насковски, Мартин Бојковски, Димитар Пешевски и Димитар Трајанов.

    По презентациите на трудовите e предвидена дискусија.

     Народната банка објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: [email protected], најдоцна до 18 декември 2024 година (среда).

     Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

     На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

     Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично