ПОВЕЌЕ

    Ќе дочекаме ли пензија? Статистиката вели ДА!

    Време зa читање: 3 минути

    Во нашето општество постои мит за кој сум слушнал повеќепати и гласи отприлика вака: Живееме во лоши времиња, зошто да штедам за пензија која веројатно не би ја доживеал.

    Ако овој мит е вистина, апсолутно се сложувам дека нема поента да штедиш ако не очекуваш дека ќе бидеш жив за да си ги користиш заштедените пари, секако оплодени за времето поминато. Но, дали е тоа вистина, и ако е вистина – кои се шансите да доживееме пензија?

    1.За да го решиме овој мит ќе ги разгледаме издадените статистички податоци за смртноста во нашата земја од Државниот завод за статистика. Ова е јавен податок и секој од вас може да ги погледне објавените податоци на следната патека: www.stat.gov.mk – Макстат база – Население – Морталитетни таблици.

    2.Со оглед на тоа што имаме податоци (таблица на смртност 2019-2021) следен чекор е да пресметаме математички кои се навистина шансите да доживеете пензија ако сте на одредена возраст x. Поради тоа што имаме посебни статистички податоци за мажи и за жени ќе направиме и посебна пресметка која би се разликувала – мажите и жените имаат различна должина на животен век.

    3.Со употреба на математичката формула n^p x – која претставува веројатност одредено лице на возраст x да доживее x+n години, ги добиваме резултатите подолу:

    *Објаснување:
    Во првата колона е презентирана возраста која ја имате денес.
    Во втората и третата колона е претставена веројатноста да доживеете пензија, во зависност од полот.

    4.Во првата колона е презентирана возраста која ја имате денес. За секоја возраст има различна стапка на веројатност да доживеете пензија. Логично, со секоја измината година вие сте поблиску до возраста за пензија – тоа е 64 години за мажи и 62 години за жени, а со тоа и веројатноста да ја доживеете таа возраст се зголемува. Во втората и третата колона е претставена веројатноста за маж/жена да доживее пензија – за дадена возраст x.

    Како треба да се толкуваат резултатите?

    Маж на возраст 30 години – има веројатност од 79,62% дека ќе доживее 64 години – односно возраст за пензија. Жена на возраст од 30 години – има веројатност од 90,42% дека ќе доживее 62 години – односно возраст за пензија.

    Од добиените резултати може да се забележи дека веројатноста кај жените да доживеат пензија е значително повисока во однос на мажите, поради 2 причини:

    • Жените имаат подолг животен век од мажите, и
    • Жените се пензионираат на 62 години – две години порано од мажите.

    Со оглед на резултатите и значителната веројатност секој од нас да доживее пензија, мислам дека лесно го разбивме овој мит. Во оваа насока битно е да се напомени дека редовните уплати во третиот столб – доброволно пензиско осигурување претставуваат долгорочно пензиско штедење кои ќе ни овозможат повисока пензија и подобар животен стандард во нашите пензионерски денови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично