ПОВЕЌЕ

    КАЗНА ОД 100 ЕВРА по 1 јануари за оние без возачка со новото уставно име

    Време зa читање: 2 минути

    Од први јануари, кој ќе нема возачка дозвола со новото уставно име, ќе добие прекршочен платен налог и парична казна во износ од 100 евра, по член 317 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Министерството за внатрешни работи изминатиов месец неколкупати преку соопштенија ги потсетуваше граѓаните дека последен рок на важност на возачки дозволи со старото уставно име е 31 декември 2024.

    Тие ги повикуваат граѓаните навреме да ги сменат дозволите за да се олесни процесот на замена и за да се избегнат гужви.

    „Согласно член 317 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кога управува со моторно возило, возачот е должен кај себе да има важечка возачка дозвола и возачка книшка кои е должен да ги покаже на барање на полициски службеник. Ако нема важечка дозвола, ќе треба да плати казна од 100 евра во денарска противвредност“, се вели во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

    „Потребно е да се издадат уште околу милион возачки дозволи со новото име. Ги замолувам во наредниот период од неколку месеци сите оние кои имаат возачки дозволи со старото име да пристапат кон обновување на истата, затоа што согласно измените на законот, старите возачки дозволи ќе важат до крајот на оваа година, рече неодамна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

    Министерот информираше и дека досега биле издадени вкупно 750 илјади возачки дозволи со новото уставно име на државата. Секој граѓанин кој што ќе поднесе барање за да се стекне со нова патна исправа, возачка дозвола, лична карта, ќе може да ги оствари во рамки на законското право во рок од 15 дена, посочи тој.

    МВР предупреди дека, по законски предвидениот рок, во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично