ПОВЕЌЕ

    КАТЕРИНА КРСТЕВСКА, МИЛИЦА СЛАВКОВСКА И МАРИЈА ТОМЕВСКА се најдобрите службеници за 2025 од НЛБ Банка

    Време зa читање: 3 минути

    По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, во организација на Македонската банкарска асоцијација им беа доделени признанија на најдобрите банкарски службеници за 2025 година – Катерина Крстевска, Милица Славковска и Марија Томевска од НЛБ Банка за нивната посветена работа и остварени резултати.

    Да се стане најдобар банкарски службеник не е резултат на среќа, туку на посветеност, упорност и љубов кон професијата. Веќе десет години сум дел од оваа банка, а секој ден е нова можност за учење, напредок и надминување на предизвиците. Успешен банкарски професионалец се гради преку одговорност, професионален однос кон клиентите и колегите, постојано усовршување и верба во вредностите на Банката“, вели Катерина Крстевска, банкарски советник, експозитура Битола 2, за порталот Пари.

    За неа, оваа награда претставува признание за вложениот труд, точноста и довербата што ја гради со секоја направена трансакција и секој даден совет. Тоа не е само личен успех, додава Крстевска, туку и потврда за тимскиот дух и угледот на банката, која со вакви професионалци го зајакнува своето место како стабилен и сигурен партнер во финансискиот систем.

    Да се биде избран за најдобар службеник во нашата Банка претставува голема чест и потврда на континуираното, посветено и професионално работење со клиентите. Секој клиент за мене е предизвик и можност да се најде најдобро, најефикасно и најуспешно решение за неговите индивидуални потреби во рамките на производите и услугите што ги нуди Банката. Мојата лична цел е секогаш да најдам вистинска рамнотежа помеѓу задоволството на клиентот и високите стандарди на работењето во Банката, што го сметам за суштина на успешната услуга. Трпеливоста, одговорноста и целосната посветеност и кон клиентот и кон Банката се принципите што ме водат низ сите овие години работа“, ни истакна Марија Томевска, универзален банкарски советник, експозитура ГТЦ.

    Ова признание, како што вели таа, за неа претставува најзначаен професионален успех досега, вреднување на дваесетгодишниот труд и вложување во НЛБ Банка, и дополнителен мотив да продолжи да придонесува со истата енергија и посветеност и во иднина.

    „Дел сум од тимот на НЛБ Банка од 2023 година, и ова признание за мене претставува голема чест и потврда дека нашата Банка навистина ги поддржува своите вработени и ги вреднува нивните успеси. Тоа е резултат на секојдневен труд, постојано учење и искрена желба секој клиент да добие услуга на највисоко ниво. Овој успех претставува силна мотивација да продолжам со личен и професионален развој, и понатаму придонесувајќи кон заедничките цели на тимот и Банката“, изјави за Пари, Милица Славковска, банкарски советник, експозитура Илинден.

    Во исто време, додава Славковска, признанието е доказ дека НЛБ Банка располага со тим од посветени и мотивирани луѓе, кои со заедничка енергија и ентузијазам постигнуваат забележителни резултати.

    „Верувам дека ова остварување ќе биде поттик и за мене и за моите колеги да продолжиме да создаваме уште поголеми успеси – за нас, за клиентите и за Банката“, додава таа.

    Катерина Михајлова

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично