Грижата за семејството е главната причина која не наведува да донесеме одлука за обезбедување на сигурност без несакани потешкотии во иднина. Финансиската стабилност на нашите деца е можеби една од најважните сегменти при сечие размислување, па поседувањето на полиса за осигурување на живот која би го намалило ризикот при несакани тешки финансиски последици на родителите го прави производот Касичка вистински заштитник за сигурна иднина. Триглав Осигурување Живот со цел да се доближи до секој дом и потреба воведе новина која дава можност за инвестирање, штедење и осигурување со различни опции согласно можностите и планираниот буџет за инвестирање.
Понудена е одлична можност за осигурување на живот со штедење со бројни предности и погодности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации, а производот е комбинација на штедење и осигурување кој покрај полисата за животно осигурување, ја гарантира и сигурноста на вложените средства, што значи дека по истек на договорениот осигурителниот период, нашите деца ги добиваат средствата во висина која е договорена при склучување на полисата, а низ целиот период на договорот ја користат привилегијата да користат осигурување.
Вистинска иновација е опцијата која во случај на несакан штетен настан-смрт на договорувачот на осигурувањето по изминати две години од склучување на договорот, обврската за уплата на идните премии до истекот на договорот за детско штедно осигурување ја презема Триглав осигурување Живот.
Додека нашите деца растат безгрижно, на нас останува одговорноста да донесеме вистинска одлука и да почнеме да штедиме за остварување на нивните соништа. Материјалните подароци не радуваат но се минливи, а полисата за детско штедно осигурување со препознатливиот лик “Кучето-Пази” е вреден подарок кој е од големо значење тогаш кога ни е најпотребно.
Касичка детското штедно осигурување е производ кој се склучува без потреба од лекарски преглед и е моделиран според сечија можност па така при склучување на договорот е понудена можност за уплата на премијата со договорна динамика т.е. месечна уплата на рати. По истекот на договорот за осигурување повторно се нудат опции за еднократен износ на договорената сума или дефиниран план за парцијална исплата на заштедените средства согласно моменталните потреби на осигуреникот како средства за образование кај нас или во странство, инвестирање во животен простор или финансиска поддршка во – исплата на договорениот износ преку рата со дефиниран период на исплата, а периодот на исплата и износот на рата е утврден во самата полиса.
Со овој тип на осигурување може да се осигурат сите лица од 1 ден старост до 15 години, додека периодот за истек на договорот за осигурување не може да биде подолг од календарската година во која осигуреникот ќе наврши 25 години.
Триглав Осигурување Живот
Сè ќе биде во ред.