ПОВЕЌЕ

    Капсулата Боинг Старлајнер почна да испушта „чудни звуци“

    Време зa читање: 3 минути

    За време на викендот, астронаутот Буч Вилмор слушнал дека вселенското летало Боинг Старлајнер почнало да испушта чудни звуци.

    „Имам прашање за Старлајнер“,се јавил Вилмор со радио до Контрола на мисијата, во вселенскиот центар Џонсон во Хјустон. „Има чуден шум што доаѓа низ звучникот… Не знам што го предизвикува тоа“.

    Вилмор истакнал дека не е сигурен дали има некоја чудност во врската помеѓу станицата и вселенското летало што предизвикува бучава или, пак, се работи за нешто друго. Тој побара од контролорите на летот во Хјустон да видат дали можат да го слушнат звукот во вселенското летало. Неколку минути подоцна, „Контрола на мисијата“ објави дека тие биле поврзани преку „тврда линија“ за да слушаат аудио во Старлајнер, кој сега е прикачен на Меѓународната вселенска станица речиси три месеци.

    Според аудио експерт, најверојатно станува збор за фонија, меѓутоа наместо постојаното зуење на фонијата, тука таа се случува со задоцнување, поради времето потребно за пренос од земјата до МВС. Објаснувањето е дека е заборавен вклучен микрофон во некоја празна соба на Земјата од која се комуницира со „Старлајнер“.

    Астронаутите од време на време забележуваат такви необичности во вселената. На пример, за време на првиот кинески вселенски лет во 2003 година, астронаутот Јанг Ливеи рече дека слушнал нешто што звучело како железна кофа која тропа од дрвен чекан додека е во орбитата. Подоцна, научниците сфатија дека бучавата се должи на мали деформации во леталото поради разликата во притисокот помеѓу внатрешниот и надворешниот ѕид.

    Звуците слични на сонар овој викенд најверојатно имаат бенигна причина. Но, сепак чудните звуци вреди да се забележат со оглед на предизвиците што ги имаа Боинг и НАСА со дебитантскиот лет со екипаж на Старлајнер, вклучително и значително истекување на хелиум при лет и неуспешни погони.

    На 5 јуни, по речиси 20 години планирање, развој, тестирање и одложувања, леталото Боинг Старлајнер го изврши првото лансирање со екипаж и испрати астронаути до ISS како дел од мисијата Crew Flight Test (CFT). Тимот, составен од Буч Вилмор и Суни Вилијамс, требаше да остане на станицата 8-10 дена, но наместо тоа, заглави со месеци поради технички проблеми со бродот (5 мотори откажаа одеднаш додека се приближуваа до станицата). Се очекува американските астронаути да останат на станицата најмалку до февруари 2025 година, кога ќе бидат вратени на Земјата со брод на SpaceX.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично