ПОВЕЌЕ

    КАПИТАЛНИ РАСХОДИ: Што се смени во пресметките? – Гордана Димитриеска Кочоска во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, министерката Гордана Димитриеска Кочоска објаснува како и зошто е сменета методологијата за пресметка на капиталните расходи. Таа посочува дека старата пракса водела до двојно книжење на исти инвестиции и дека новата методологија нуди пообјективна слика. Ова носи промени во бројките што ги гледа јавноста.

    Кога одредено јавно претпријатие или акционерско друштво, не е во состојба да го врати својот кредит, а има државна гаранција, државата е таа што го сервисира тој долг. Меѓутоа, кога државата сервисира долг, не може да го евидентира како капитална инвестиција, може да го инвестира како разни трансфери и така натаму. Меѓутоа, не може да го евидентира како капитални расходи, затоа што тие веќе еднаш биле прокнижени. Еве, за најјасно да биде, Јавното претпријатие за државни патишта, тоа е во едно од најтешките состојби, оние познати кинеските кредити во овие последни години, почнувајќи негде од 2021 мислам беше, кредитите ги враќа Министерството за финансии. Кога Јавното претпријатие се задолжило, тоа Јавно претпријатие земало кредит и изградило дел од делницата, патот, не е битно. Тој веќе е еднаш евидентиран како капитална инвестиција. Со оваа евиденција, кога ги враќаме парите назад и повторна евиденција на капитални расходи, два пати ги евидентираме. Тоа ни се случувало во изминатите години… Ова беше една од првите работи кои инсистирав да се промени, затоа што не смееме да си дозволиме по два пати за една иста инвестиција да евидентираме два пати инвестиција.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично