ПОВЕЌЕ

    Капитализацијата на биткоинот надмина 900 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    Најголемата криптовалута во светот биткоин ја надмина пазарната капитализација од 900 милијарди долари за прв пат во историјата.

    Ова се случи откако цената на ова дигитално средство достигна ново рекордно ниво.

    Откако минатиот четврток утрото достигна рекордна цена од 48.481 УСД, биткоинот се затвори на 47.932 УСД, што претставува раст од 6,9 проценти на дневна основа, според Ројтерс.

    „Русија денес“ известува дека на берзата Bitstamp, една од најстарите за тргување со биткоин, цената во еден момент достигна историско ниво од 49.000 американски долари, што резултира со краткорочна пазарна капитализација од 912,69 милијарди долари.

    Тоа значи, додава „Русија денес“ , дека пазарната вредност на оваа виртуелна валута се зголеми за 354 милијарди долари во текот на 2021 година. Претходното највисоко ниво на пазарна капитализација на биткоинот беше забележано на 8 февруари во износ од 888 милијарди долари.

    Биткоинот во моментов има 61 процент удел во вкупната пазарна капитализација на сите криптовалути, што денес достигна историски рекорд од 1,46 трилиони долари.

    Кумулативната пазарна капитализација на сите дигитални валути порасна за 88,5 проценти од почетокот на 2021 година, досега во споредба со почетното ниво од 776 милијарди долари на почетокот на годината.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично