Капитал банка во Куманово со работа продолжува на нова локација, со што е многу подостапна за клиентите. Новата адреса на експозитурата е Маршал Тито бб. згр.1, приземје, влез 2.
„Наша стратешка цел е да бидеме се поблиску до нашите клиенти и да им овозможиме достапност на квалитетни банкарски услуги. Со новата локација на експозитурата во Куманово, продолжуваме да ја зацврстуваме позицијата на Капитал банка како водечки финансиски партнер на физичките и корпоративните клиенти. Нашиот приоритет е секогаш да обезбедиме навремена и квалитетна услуга за сите наши клиенти – од индивидуални корисници до малите и средни претпријатија“, изјави на свеченото отворање директорот на Секторот за работа со физички лица, Димитар Ризов.
Работното време на експозитурата е од 8 до 16 часот, од понеделник до петок, а од вработените можат да се добијат информации за сите производи и услуги наменети за клиентите – физички и правни лица.