„Погледни ја убавината на таа боја. И тоа е толку тенка. И тоа го поминуваш толку брзо. Одеднаш, го поминуваш синото, и влегуваш во црно. Гледаш во црнило, во црна грдост. И погледнуваш долу – го има синото таму долу и црното таму горе. Таму е Мајката Земја и комфортот, и таму е – дали тоа таму е смртта? Не знам. Дали тоа е смртта? Дали тоа е како изгледа смртта? Тоа беше толку занесно, ова искуство“, го раскажува неговото искуство холивудскиот актер Вилијам Шетнер-иконата од научната фантастика Ѕвездени патеки, капетанот Кирк.
Холивудскиот актер Вилијам Шетнер беше член на екипажот на подорбитална капсула „Блу ориџин“, со што стана најстарата личност што некогаш била во вселената. Ова беше втор комерцијален лет на вселенската капсула „Њу шепард“ на компанијата „Блу ориџин“, која е во сопственост на Џеф Безос.
90-годишниот канадски актер, кој го глумеше капетанот Џејмс Ти Кирк и долго командуваше со вселенскиот брод Ентерпрајз во култниот серијал „Sвездени патеки“, полета од пустината Тексас со уште три лица.
Во сино астронаутско одело за летање, Шетнер се качи во целосно автоматизираната капсула заедно со тројцата сопатници.Нивното патувањето траеше околу 10 минути.
Леталото безбедно слета нешто по 10:00 часот по локално време (16:00 часот по средноевропско време).
Луѓето кои беа на бродот доживеаја краток период на бестежинска состојба кога се искачија на максимална надморска височина над 100 километри (60 милји). Оттаму тие можеа да го видат закривувањето на Земјата преку големите прозорци на капсулата.
„Секој во светот треба да го стори ова“, му рече канадскиот актер на Безос откако се врати на Земјата. „Беше неверојатно“.