Милионерот, бизнисменот и кандидат за градоначалник на Чикаго, Вили Вилсон, најави планови за третиот подарок гориво на граѓаните. „Ние веруваме дека треба да бидеме одговорни пред нашите соседи, ние кои можеме да си го дозволиме тоа“, им рече Вилсон на новинарите.
Дистрибуцијата на горивото од милион долари е планирано за сабота, 23 април, на локации низ округот Кук, кои допрва треба да бидат објавени. Тоа ќе биде трет пат Вилсон да дели гориво во последните неколку недели. Тоа го направи двапати во март, вклучувајќи гориво во вредност од милион долари, на околу 50 бензински пумпи во и околу градот.
Најавата за оваа акција доаѓа во време кога градоначалничката Лори Лајтфут го менува сопствениот план за „гивавеј“ на бензин и Вентра картички, додека се обидува да ја „неутрализира“ опозицијата и да го отвори патот за одобрување од Градскиот совет.
Нејзиниот последен предлог, меѓу другото, би резервирал 75 отсто од „лотаријата за гас“ од 12,5 милиони долари за јужните и западните области, кои инаку се дефинирани како области со „големи потешкотии во мобилноста“. Останатите 25 проценти од бензинските картички ќе бидат дистрибуирани низ градот, јавува Ен-Би-Си.
Тој сака да ја користи истата формула за дистрибуција на Вентра картички во износ од 50 долари. Некои го нарекоа нејзиниот предлог „политички трик“ со цел да се добие предност пред Вилсон.