Банкарските кредити, гледано според движењето на каматите, поевитнуваат 12 месеци по ред. Просечната каматна стапка на вкупните задолжувања во април изнесува 5,11 проценти (5,51% во април 2024), ниво до кое е дојдено со годишниот пад од 0,40 процентни поени. На месечна основа намалувањето е за 0,04 проценти поени.
За разлика од тој тренд, контунуиран е растот на просечната камата што се пресметува за вкупните депозити (со исклучок на минималниот пад во март). По месечното зголемување од 0,02 и годишното за 0,38 процентни поени, во четвртиот меец од годинава стапката доаѓа до 2,20 проценти.
Што се однесува до стапките за новоодобрените кредити и новопримените депозити, состојбата е комбинирана. Првата ја следи линијата на падот со месечни -0,39 и годишни -1,60 процентни поени и изнесува 3,87 проценти. Втората има месечен раст од 0,10 и годишно осипување за 0,20 процентни поени, а априлското ниво е 2,34 проценти.
Во последниот извештај на Народната банка се наведува дека каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во април има месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 5,48 проценти. Таа надолната промена произлегува од намалените стапки кај сите кредити – кај денарските без и со валутна клаузула и кај девизните. На годишна основа намалувањето е за 0,17 п.п.
Просечната априлска стапка на новите кредити одобрени на граѓаните е 4,67 проценти, а пониска е за месечни 0,02 п.п. Тоа, пак, целосно е резултат од падот на каматите што се однесуваат на денарските кредити без валутна клаузула, додека пораснале тие за девизните и за денарските кредити со валутна клаузула (за 0,25, односно за 0,04 п.п.). Годишниот пад изнесува 0,66 п.п.
Каматата што се пресметува на вкупните депозити на населението во април бележи дополнителни 0,02 п.п. и изнесува 2,14 проценти. Причина за движењето се повисоките стапки на девизните депозитите (за 0,01 п.п.), затоа што промени нема кај каматите за денарските депозити со и без валутна клаузула. Во споредба со истиот месец претходната година, стапката е поголема за 0,35 п.п.
Стапката за новите влогови што граѓаните им ги довериле на банките во април е 2,42 проценти. Или, за еден месец пораснала за 0,14 процентни поени, затоа што по нагорна линија било движењето на каматите за денарските депозити без валутна клаузула и на депозитите во странска валута. Сепак, за една година нивото на оваа камата е опаднато за 0,10 процентни поени.
НЈСК Холдинг: Македонска компанија во врвот на европскиот канабис-бизнис
Поради падот на стапките што се пресметуваат за сите видови кредити што ги користи корпоративниот сектор, во април просечната каматна стапка е намалена за 0,04 п.п. и изнесува 4,73 проценти. Годишната споредба покажува намалување за 0,62 п.п.
Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор месечно олабавила за 0,53 п.п., по што изнесува 3,42 проценти. „Падот е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,58 п.п. и 0,57 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се зголемени (за 0,02 п.п.)“, велат од НБРСМ. Инаку, во однос на ланскиот април оваа каматна стапка бележи пад за 2,15 п.п.
Намалена е и просечната каматна стапка на вкупните депозити на компаниите за месечни 0,03 п.п. и е на прагот од 2,62 проценти. Промената во целост се должи на падот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула. Оваа каматна стапка е зголемена за 0,51 п.п. на годишно ниво.
Различна цена, ист производ: Дали е фер стратегија или профитабилен механизам?
Во текот на четвртиот месец од годинава, за 0,09 п.п. се придвижила каматната стапка на новопримените депозити од бизнисите, под влијание на промените регистрирани кај каматите на девизните и кај денарските депозити без валутна клаузула. Притоа, достигнува 2,23 проценти и на годишна основа е пониска за 0,38 п.п. „Во април, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула изнесува 1,69 проценти, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле депозити од овој вид“, посочуваат од Народната банка.
M.A.