Кај корпоративниот сектор просечната каматна стапка на вкупните кредити во август изнесува 3,85 отсто и на месечна основа има намалување за 0,04 п.п.
Надолната промена се должи на падот кај сите компоненти на оваа каматна стапка: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,05 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Во споредба со истиот период од претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,53 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити овој месец изнесува 3,94 отсто и има месечно и годишно намалување од 0,04 п.п., односно 0,67 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа месечен пад од 0,15 п.п. и се сведе на 0,54%. Споредено со истиот период од минатата година, таа е намалена за 0,56 п.п.
Просечната каматна стапка на кредитите во август годинава изнесува 4,73 проценти и бележи месечен пад од 0,002 и годишен од 0,04 п.п., објави Народната банка. Според обајвените податоци, каматите кај депозитите бележат пад од 0,06 п.п. на месечно ниво и изнесува 0,99 отсто,на годишно ниво има намалување од 0,39 п.п.
Кај домаќинствата каматната стапка на вкупните кредити, во август забележа месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 5,55 отсто. Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата во август има месечен пад од 0,05 п.п. и изнесува 0,98 отсто. Просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 0,66 отсто и во споредба со јули годинава забележа пад од 0,13 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,57 п.п., споредено на годишна основа.