Најголемиот малопродажен синџир во земјава, „КАМ“, отвора нов 5-ти маркет во Прилеп, лоциран на улицата „Цар Самоил“ бр. 28.
Новиот маркет се простира на вкупна површина од над 733 квадратни метри. Продажниот простор зафаќа 555 квадратни метри, речиси 120 квадратни метри се магацински простор, а преостанатите се помошни и канцелариски простории.
Во рамките на маркетот има и пекарница во која прилепчани ќе ги најдат највкусните лебови и печива, свежо печени секој ден. Исто така, за потрошувачите на „КАМ“ обезбеден е бесплатен паркинг простор за 117 возила.
– Продажната мрежа на „КАМ“ продолжува да расте, ова е нашиот 77. маркет. Со асортиман кој го сочинуваат околу 1700 артикли меѓу кои добро познатите производи под КАМ марка, како и познати интернационални брендови, остануваме посветени на целта да го доближиме високиот квалитет по редовно ниски цени до сите граѓани – велат од „КАМ“.
Маркетот е во склоп на “КАМ центар“, кој наскоро ќе ги отвори вратите за јавноста. На 2200 квадратни метри, во современиот простор на „КАМ центар“ ќе бидат лоцирани повеќе брендови од различни дејности, чии имиња ќе се објават наскоро. Овој објект значително ќе придонесе за збогатување на шопинг искуството во градот.