ДОБИВКА ПОГОЛЕМА ЗА 13% – Какви се очекувањата на НЛБ Банка за периодот што следи?

Време зa читање: 2 минути

НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 1.641.262 илјади денари, што претставува зголемување за 13,1 % во однос на остварената нето–добивка истиот период претходната година.

КАКВИ СЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ НА БАНКАТА ЗА ПЕРИОДОТ ШТО СЛЕДИ?

При моменталните околности, НЛБ Банка и понатаму делува во насока на поддршка на приватниот сектор во земјата, со што има значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата.

Дополнителен фокус е ставен и на проширување на палетата на производи и услуги преку продажбата на различни банкарски и небанкарски производи и зголемување на квалитетот на услугите со што се очекуваат уште подобри резултати во клучните сегменти од работењето на Банката.

НЛБ Банка ги препознава ризиците од климатските промени и проактивно ги акцентира „ESG – зелените кредити“ – кредитирање во области за производство на електрична енергија од обновливи извори, намалување на загадувањето и подобрување на животната средина.

Наедно, Банката во континуитет обезбедува поддршка на стопанството преку проширување на понудата за стартап – компаниите и учество во раните фази од процесот на создавање на стартап-компаниите.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично