Светската пандемија со Kовид-19 се очекува да има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз Македонската економија која е од отворен тип, што може да се очекува и врз основа на искуството со светската финансиска криза чии ефекти се прелејаа врз реалниот сектор во домашната економија, па потоа индиректно и врз финансискиот систем.
Комерцијална банка АД Скопје ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со информации корисни за процесот на одлучување.
Макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност во 2020 година се очекува значително да се разликуваат во однос на првичните проекции на раст на домашната економија предвидени со финансискиот план за 2020 година. Согласно објавените проценки од Светска банка, се очекува БДП да забележи пад од околу -0,4%.
Комерцијална банка АД Скопје ќе ги презема сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатите состојби, соодветно корегирање на финансиските проекции за 2020 година при што ќе биде фокусирана пред се’ на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање флексибилни решенија на барањата на клиентите кои ќе бидат најзасегнати од здравствената и економската криза.