
Практично знаење, реална средина и нов пристап кон сообраќајната култура-МИНТ се позиционира како едукативен партнер на заедницата
Учениците од трето одделение при ООУ „Климент Охридски“ од Битола имаа можност да ја искусат сообраќајната едукација надвор од училницата, преку организирана посета на новоотворениот сообраќаен центар на МИНТ.
Во придружба на Проф. Драгица Здравковска, која предава стручни предмети од областа на сообраќајот во СОУ “Таки Даскалот” од Битола, децата се запознаа со основните принципи на безбедност во сообраќајот, но и со начинот на функционирање на современ технички и испитен центар.

Наместо теорија на хартија, учениците имаа можност да видат како изгледа еден реален процес, од технички преглед на возила, до практични аспекти на безбедноста што секојдневно влијаат врз животот на сите учесници во сообраќајот.
Особен акцент беше ставен на развивањето на свесност кај најмладите, како пешаци, идни возачи и одговорни граѓани.

„Најважно е децата уште од најрана возраст да разберат дека безбедноста во сообраќајот не е правило што се учи напамет, туку навика што се гради,“ беше истакнато за време на посетата.
Со вакви активности, сообраќајниот центар на МИНТ не се позиционира само како место за услуги, туку како платформа за едукација, превенција и градење на сообраќајна култура во заедницата.

Посетата заврши со подароци за децата , со голем интерес и позитивни реакции од учениците, кои си заминаа не само со нови информации, туку и со појасна слика за тоа што значи безбедно учество во сообраќајот.
ПР Објава
Аналитика








