ПОВЕЌЕ

    Како се одвива снабдувањето со руски гас на Македонија?!

    Време зa читање: 2 минути

    Снабдувањето со природен гас од кој зависат околу 50-ина компании во земјава се одвива непречено, информираат од Макпетрол. И покрај санкциите врз Русија, како и информацијата дека е загрозено снабдувањето со природен гас на Бугарија каде што околу 94 проценти од испораките доаѓаат од Русија, од нафтената компанија велат дека потребните количини веќе се обезбедени.

    – „Нема никакви пречки во снабдувањето со природен гас. За сите наши потрошувачи, односно компании со кои што имаме долгогодишна соработка, снабдувањето со гас се одвива непречено, бидејќи уште минатата година ги обезбедивме потребните количини“, посочуваат од Макпетрол.

    И претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во интервју за порталот ,,Независен” посочи дека Македонија, засега, е сигурна што се однесува до испораките на руски гас во земјава, со оглед дека овој енергенс кој што го добиваме од гасоводот преку Бугарија, не минува низ Украина, туку доаѓа преку „Турскиот тек“. Сепак, никој во моментов не знае какви потези може да преземе во иднина Русија, освен изјавите дека гасот во Европа ќе достигне цена од 2.000 долари за нормален метар кубен, вели тој.

    МАКПЕТРОЛ ОСТВАРИЛ ЗНАЧИТЕЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОМЕТОТ ОД ПРИРОДЕН ГАС (МЕТАН) ЗА 90,39%

    Инаку, Макпетрол која е во нафтениот и бизнисот со гас деновиве ги објави и финансиските резултати за 2021 година.

    Во текот на 2021 година, „Макпетрол“ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 22,48 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 5,72 милијарди денари, односно остварен е раст од 34,15%

    Порастот на приходите, споредбено со минатата година, во најголем дел се должи на зголемените приходи на мало за 30,65%, а истите учествуваат со 87,17% во приходите од продажба. Трендот на пораст на приходите на мало во годината, се должи на:

    • Зголемување на прометот со нафтени деривати за 12,98%;
    • Зголемување на прометот на останатиот малопродажен асортиман (ДАС) за 16,22%;
    • Значителното зголемување на прометот со метан за 90,39%.

    Приходите на големо бележат раст од 17,46%, што во најголем дел е резултат на растот на продажбата на млазно гориво за 82,28%. Продажбата на млазно гориво се зголемува во втората половина на годината, како резултат на олабавувањето на Ковид-рестрикциите за патувања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично