„Борче Треновски во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ – Што се случува кога општинските советници ќе ги прашаш за сопственото работење?
Често слушаме дека советниците „си ја знаат работата“. Но што кажува искуството од обуки со десетици општински советници низ државата? Професорот опишува вежба во која секој требало искрено да се позиционира – и исходот не е баш охрабрувачки. Ова е корисна слика за тоа каде реално сме.
„…Правиме вежби, тука се присутни советници од 10 – тина на општини… Ве молам, застанете, викам, од сите советници, оние кои што си ја извршуваат работата добро на лева страна, оние кои не се сигурни на средина и они кои мислат дека не ја извршуваат добро на десна. Што мислите, каде застануваат?
Сите на средина?
Сите на десна. Сите свесни дека можат да извршуваат подобро. Не сите, со исклучок на еден – два.
Јас мислев во средина…
И советниците се свесни. Бидејќи јас ги соочувам со ситуација на терен. Сте го поднеле проектот додека сте биле во опозиција, го одбила власта. Сега вие сте на власт, ви го поднесуваат истиот предлог. Зошто го одбивате во советите?…
И што викаат?
Политичкиот партнер да не си ја обави својата работа, да не биде ефикасен. Политички опонент.“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“ за повеќе анализи!“