ПОВЕЌЕ

    Како пораснаа акциите на Тесла од нејзиното основање до денес (инфографик)

    Време зa читање: 2 минути

    Основана во јули 2003 година, Тесла почна да котира на берзата пред само седум години подоцна, во 2010. За време на првите неколку години, акциите не привлекоа некое посебно внимание во јавноста, движејќи се помеѓу 20 и 40 долари, сè до мај 2013 година, кога компанијата ја оствари својата прва добивка. Важно е да се разбере колку бил битен овој момент за компанијата. Докажано е дека производството на луксузни електрични возила може да биде одржлив бизнис.

    Компанијата продолжи да расте и да носи нови модели на пазарот, како што се моделот X во септември 2015 година и моделот 3 во јуни 2017 година.

    За сето време, Илон Маск, славниот извршен директор на компанијата, беше ангажиран во неговите вообичаени активности, како што е лансирањето на Roadster во орбитата во 2018 година.

    Зошто акциите на Тесла котираат толку високо? На почеток, многумина се обложуваа против Тесла подолго време и тие заработуваа со своите продажни позиции кога се обложуваа дека акциите ќе губат на вредност. 

    Па, зошто цените би скокнале за 50%? Никој не е сигурен зошто, а за првиот човек на компанијата останува прашањето дали тој смета дека цената на компанијата е превисока и преценета.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично