Според последната анализа на Државниот завод за статистика за мај годинава колку е вкупната потрошувачка на нафтени деривати во земјава може да се забележи дека дизелот е на прво место. Во земјава дизелот за транспорт во вкупната потрошувачка на нафтени деривати учествува со 64,2 проценти.
Моторниот бензин е второ најупотребувано гориво, а во вкупната потрошувачка учествува со 8,9 проценти.
Гасот е трет со 6,9 проценти. Од останатите нафтениот кокс учествува со 6,5 отсто, други нафтени продукти 6%, мазут 5,9%, керозин 1%, нафта за ложење 0,7 %.