ПОВЕЌЕ

    Како да престанете да живеете од плата до плата?

    Време зa читање: 3 минути

    Повеќе од три четвртини од вработените со полно работно време живеат од плата. Еве како да го скршите циклусот и да ги подобрите вашите финансиски перспективи.

    Денот кога ви стига плата е супер ден. Но застрашувачки е да гледате во вашата банкарска сметка само за да видите дека сте на истото место што сте биле пред две недели. Живеењето од една до друга плата ве спрема за животен стил кој ќе биде преполн со стресови и неизвесности. Околу 78% од американските работници со полно работно време живеат на овој начин, според истражувањето во 2017 година од страна на CareerBuilder.

    Додека многумина од нас имаат средства, како што се наши сопствени домови или сметки за пензионирање, имаме малку или воопшто немаме дополнителни пари за тековни трошоци.

    Од финансиски аспект, катастрофално е да се живее од плата до плата, „и тоа не е стабилно од емоционална гледна точка“, вели Кетрин Гарисон, финансиски советник во советниците на богатството Мос Адамс. Долговите можат да ескалираат како снежни топки и вашите стресни снежни топки, заедно со нив. Време е да го скршиме циклусот.

    Преправајте се дека заработувате помалку од тоа што вистински заработувате

    Иако можеби е полесно да се каже отколку да се направи, вистината е дека ако само трошите помалку отколку што заработувате после плаќање на даноците, ќе имате дополнителни средства.

    Откако ќе имате пари на страна кои ќе лежат во банка, ќе почнете да се чувствувате послободно. Можете да започнете да штедите и тие заштеди да ве спремат за да подобро се справите со неизбежниот дождлив ден.

    Тоа ќе ви даде изненадувачки душевен мир. Поставувањето автоматски трансфери на заштедите од вашата плата кон вашата сметка е најлесниот начин да се придржувате до него.

    Бидете реални со вашите буџети

    Мора да знаете каде одат вашите пари. Започнете со создавање реален буџет ако веќе немате. Пробајте со Google Docs, тоа ви овозможува да креирате табела и да ја споделите со другите потрошувачи и придонесувачи за приходот на вашето домаќинство.

    Намалете ги луксузните трошоци

    Тука влегуваат трошоците за јадење надвор, забава, облека и чевли. Поделете ги трошењата во категории, скратете дел од тие луксузни трошоци, дури и ако тоа е само 500 денари месечно.

    Бидете реални во врска со она што можете да го скратите за да не се обесхрабрите. Започнете со многу малку и постепенo зголемувајте ги заштедите. Можеби ќе бидете изненадени од тоа каде одат вашите пари и тоа само по себе може да биде доволно за да ви помогне да ги намалите трошоците.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично