ПОВЕЌЕ

    Како да ја направите вашата традиционална продавница online продавница?

    Време зa читање: 3 минути

    Кога купувачите се заглавени дома поради коронавирусот, единствениот начин да допрете до нив е преку нивните екрани. Но, што ако имате само минимално присуство на Интернет, или имате едноставна веб страна која што неможе да наплатува со кредитни картички? 

    Не дозволувајте недостаток на технологија или буџет да ве спречи да се насочите кон нов пристап, кој во денешната пандемија е неопходен. Благодарение на специјалните попусти и развојот на технологија, воспоставувањето мрежна деловна активност е полесно од кога било. 

    Пред да посветувате внимание на името на вашата веб страна, треба да ја организирате понудата на вашиот производ или услуга. Ако почнувате од нула, предлагаме да користите едноставна ексел табела за подобро да се организирате. Важно е да имате јасна перспектива на вашата понуда, особено ако сакате вашите клиенти да можат да пребаруваат и селектираат производи преку вашата Интернет-продавница. Ако вашите потрошувачи не можат да разберат што нудите или колку чини, тие ќе одат на друго место.

    Постојат две главни опции за платформа за вашата онлајн продавница: Целосна услуга преку Интернет или стандардна веб-страница со додадена функционалност за купување преку Интернет. 

    Целосна услуга преку Интернет, како Shopify oбезбедува готова услуга за месечна претплата од 20 до 30 долари. Ова е добра опција aко сакате привремено решение. 

    Ако немате веб-страница, препорачуваме да користите една од главните веб платформи, како што се WordPress, Wix или Squarespace.

    Започнете со купување на domain за вашиот онлајн бизнис и изберете web host. Можете да го направите ова директно со Wix и Squarespace или преку трета страна ако изберете WordPress. Сега се достапни најразлични специјални понуди, вклучувајки и хостинг, подесување, SSL сертификати и сè што може да ви биде потребно за да започнете да дејствувате на интернет.

    Ако веќе имате веб-страница и е на WordPress, Wix или Squarespace, можете да ги додадете како додаток WooCommerce кој овозможува наплата преку кредитни картички и нуди други комерцијални опции. 

    Пред да се решите да ја лансирате вашата онлајн продавница, проверете дали вашите опции за плаќање се корисни за корисниците. На пример, ако плаќате такса за секое плаќање, пресметајте претходно дали тој модел ви е исплатлив. Ако продавате услуга, размислете дали сакате клиентите да плаќаат во целост однапред, да извршат делумна исплата или да платат со нивната картичка при испорака на услугата. 

    Испораката исто така бара планирање однапред, особено ако се земе предвид колку се напредни традиционалните компании за испорака во денешно време. Едно решение може да биде да се фокусирате на вашиот локален пазар. Овој пристап работи особено добро за малите специјализирани продавници за храна, на пример, месари, пекари или штанд со зеленчук.

    Се разбира, потребно е да ја промовирате вашата услуга или производ преку Интернет. Започнете со известување на вашите постојни контакти. Па потоа, размислете колку буџет ќе одвоите за рекламирање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично