Дали Сојузот на стопански комори сè уште има доверба кај бизнис заедницата по обвинувањата за картелско здружување? Потпретседателот Горан Ѓеорѓиевски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ тврди дека индивидуалната одговорност мора да биде адресирана јасно за да се зачува кредибилитетот на комората. Ќе има ли храброст за промени?
„Видите, јас сметам дека апсолутно може да има доверба во ССК како бренд, затоа што таму е градено многу години назад. Таму има квалитетни поединци кои можат да го преземат бремето и кои можат да движат во насока на понатамошен развој на ССК како институција. Не би поистоветил индивидуална одговорност на адресирани луѓе кои мора да ја сносат одговорноста, тоа ќе биде едно прочистување, катарза, затоа што на тој начин останатиот дел од бизнис заедницата ќе знае дека оваа институција расчистува со проблемите што ги има и понатака продолжува чисто да се движи напред.“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.