ПОВЕЌЕ

    Како “cloud” технологијата ја менува Финтек индустријата?

    Време зa читање: 2 минути

    Не само што повеќе организации ја преместуваат својата инфраструктура кон “облакот”, туку над 55% велат дека користат повеќе “јавни облаци.” И голем дел од ИТ буџетот на компаниите (32%) е наменет за оваа намена. Со наводни придобивки како што се пристапност, лесна употреба и брзо распоредување, не е тешко да се разбере зошто бизнисите ги привлекува оваа релативно нова технологија. Но, што значи ова за финтек индустријата?

    Кога пандемијата ја погоди целата работна сила на почетокот на 2020 година, постоеше огромна потреба за далечинска технологија за “самопослужување”. Како што продолжува кризата, па дури и по завршувањето на пандемијата, оваа потреба нема да испари. Дури и може и повеќе да се зголеми, земајки го во предвид затворањето на банкарските филијали. 

    И на поединците и на деловните субјекти им е потребна можноста да ги отворат и да управуваат со своите финансии од далечина, но не само тоа. Внатрешниот персонал треба да биде во можност да управува со процесите од далеку. Апликациите за самопослужување базирани на технологија на облак им помагаат на компаниите да ја испорачаат оваа технологија со релативно брзо темпо.

    И покрај раната загриженост во врска со безбедноста и заштитата на податоците, облакот се покажа безбеден доколку се преземат вистинските мерки. За давателите на финтек услуги, без сомнение, безбедноста им е најбитна кога прифаќаат нова технологија.

    За финтек, стекнувањето и работењето со податоци е врвен приоритет, од процедури за верификација на идентитет до управување со сметка, проверка, анализа на навиките на трошење, итн. Податоците се клучни. Компаниите можат да користат вакви технологии за да соберат и складираат големи количини на податоци и безбедно и да ги направат достапни во секое време. 

    Облак технологијата обезбедува агилност за релативно лесно размерување при заштеда на технолошка инфраструктура која може да биде поскапа за надградба. Дури и за традиционалните банкарски структури, платформата во облак обезбедува капацитет да се прилагоди на затворањето на експозитурите, додека сеуште обезбедува услуги на што е можно повеќе луѓе. Преместувањето на инфраструктурата кон облакот ја мери пристапноста, флексибилноста и приспособливоста и за финтек и за финансиски гиганти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично