ПОВЕЌЕ

    ВМРО ДПМНЕ НЕМА ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА ЗА БАЛАНСЕРОТ – Бајрам Реџепи во „Каде се парите?

    Време зa читање: 2 минути

    Потпретседателот на ДУИ и поранешен директор на државната НОМАГАС, Бајрам Реџепи, за поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека владејачките партии, пред се ВМРО ДПМНЕ не сакаат вистински да го решат проблемот со правичната застапеност на етничките заедници во институциите. Според Реџепи, законите мораат да се почитуваат, а во минатото се случувало балансерот да се злоупотребува, но дека ја подобрил рамноправната застапеност во институциите.

    Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.

    Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.

    Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.

    „Но „Балансерот гледаме дека не ги дава резултатите. Зошто вие сега го поистоветувате со антиалбанство, дека владејачката партија е антиалбанска кога зборува дека нее  функционален балансерот. И не се седне и да се зборува и да се најде трајно и квалитетно решение за да не се злоупотребува етничкиот клуч при вработување.

    Но тоа зависи од политичка волја Горан.

    Зошто ја нема, зошто не ја потегнавте кога гледате дека не е функционална.

    Ти може да имаш закон, и да не се почитува. Се зависи од политичката волја. Оваа влада нема таква политичка волја…

    Целиот поткаст на линкот подолу

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично