ПОВЕЌЕ

    Јужна Кореја започна пилот-проект за дигитални валути

    Време зa читање: 2 минути

    Јужна Кореја ќе избере снабдувач на технологија за изработка на пилот платформа за развој на дигитални валути, приближувајќи се кон создавање на својата криптовалута поддржана од централната банка.

    Корејската централна банка бара партнер за да ја испита можноста за лансирање дигитална валута. Платформата ќе содржи симулации на комерцијални банки и продажни места, а експериментите ќе вклучуваат плаќање преку мобилни телефони, трансфер на средства и правење депозити, објави Банката од Кореја.

    Пилот програмата ќе трае од август до декември оваа година.

    Активностите на Банката од Кореја доаѓаат во време кога се шири биткоинот како и други криптовалути, кои го менуваат начинот на работа во финансискиот сектор.

    Централните банки од Кина до Велика Британија и Шведска сметаат дека развојот на дигиталните валути е начин за модернизирање на нивните финансиски системи, прифаќајќи ги криптовалутите за да ги забрзаат домашните и меѓународните трансакции.

    Централните банки на земјите со петтина од светското население најверојатно ќе издадат свои дигитални валути во следните три години, според покажувањата од студијата на Банката за меѓународни порамнувања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично