Наодите од бизнис секторот, после Ковид кризата, јасно укажуваат на исклучителната важност на вложувањето во развојот на човечкиот потенцијал во организациите, како никогаш претходно до сега.
Во таа насока, со задоволство Ве информираме дека Македонската асоцијација за човечки ресурси (МAЧР) годинава ја организира својата јубилејна 15-та Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR Expo 2023. Конференцијата ќе се одржи на 28 и 29 септември 2023 година, во хотелот Холидеј Ин и во Едукативниот центар М6 во Скопје.
Темата што годинава ја одбравме за конференцијата е “HR in the Age of Innovation: Navigating the Future of Work”, со цел да ги допреме сите новитети и релевантни области поврзани со иновациите и со менаџирањето на луѓето и со непознатото што ни го носиме иднината на работењето. Ова ќе биде исклучителна можност наменета за бизнисмените, извршните и секторските менаџери и менаџерите и специјалистите за човечки ресурси во многу македонски компании и компании од поширокиот регион, да ги согледаат тенденциите и трендовите на полето на работењето и да ги заземат курсовите на своето идно делување.
Ќе се осврнеме на заложбите на Европската асоцијација за менаџмент со луѓе (ЕАРМ), која под мотото „HR ја обликува новата иднина“, промовираше посебен фокус на четири клучни теми:
- градење на организациска култура со висока доверба како докажан модел за добри резултати,
- еднаквост, различност и вклученост како основа за поволна работна околина,
- добросостојба и баланс помеѓу работата и животот како јадро за добро работење, високи перформанси и продуктивност и
- одржливо работење преку добро дизајнирани работни места, оптимизирани работни перформанси, автономија и контрола.
Во услови на континуирани промени и глобални предизвици и неопходност за справување со брзиот технолошки развој и иновациите, кога отпорноста на бизнисите и организациите се на сериозни искушенија, очекуваме особено да доминираат елаборации од дваесетината говорници од академијата и праксата од целиот свет кои ќе ги вклучат најжешките теми поврзани со дигиталните технологии и вештачката интелигенција во развојот на организациите и луѓето. Ќе ги слушнеме европските и регионалните искуства во интензивната дигитална трансформација во организациите, во областа на искуството на вработените и во учењето и развојот на луѓето и напорите за стекнување на способности кои се во духот на потребите на новото време.
Од нашето формирање, како едно од водечките деловни професионални здруженија во нашата земја, ја продолжуваме традицијата со организирање на овој најголем годишен настан, со цел да ги претставиме и споделиме добрите практики на докажани бизнис лидери и менаџери од најуспешните компании. Повторно, конференцијата ќе биде мегдан каде присутните ќе имаат можност да ги споделат личните искуства и да презентираат специјализирани знаења, иновативни идеи, практични и проверени решенија како и препораки кон целокупната деловна заедница, кон менаџерите и професионалците, за да можат да ги применат во своите организации. Вториот ден повторно ќе организираме подолготрајни работилници за учење, спроведени од искусни експерти и професионалци, на кои учесниците ќе имаат можност да се стекнат со конкретни високопрофилирани вештини, потребни во секојдневните задачи и активности.
Земајќи предвид дека ова е нашата Јубилејна 15-та конференција по ред, нам ни е исклучително драго што оваа година, заедно со нашите учесници, поддржувачи, соработници и партнери, во присуство на домашните и странските говорници и гости, ќе ги прославиме заеднички во живо успесите и ќе заокружиме еден циклус кој трае веќе петнаесет години.
Учесниците на Конференцијата и годинава ќе имаат можност да се запознаат со најновата понуда на продукти и услуги за компании и вработени од нашите изложувачи на традиционалниот HR-ЕХРО 2023, како и со мноштво други соодветни и интересни содржини и изненадувања за сите учесници!
Сите информации поврзани со конференцијата (говорници, програма, регистрација и др.) можете да најдете на https://mhraconference.mk/mk/home-slider-3/
Погледнете го и видеото од минатата конференција, како увертира за тоа што да очекувате на овогодинешниот настан: https://www.youtube.com/watch?v=Cr1Gi4_Lsy8
За повеќе информации и резервација на влезници можете да ја контактирате извршната канцеларија на [email protected] и +38978389277.
Со задоволство Ве очекуваме на јубилејната 15-та Меѓународна MHRA конференција!
Комерцијален текст