Една од најголемите инвестициски банки JPMorgan подготвува понуда на фонд за инвестирање во биткоин.
Фондот за биткоин на JPMorgan може да биде лансиран уште ова лето, изјавија за CoinDesk, два извори запознаени со ова прашање.
Фондот за биткоин на JPMorgan ќе биде активно управуван, изјавија неколку извори на CoinDesk. Ова е значително отстапување од пасивната стратегија што ја нудат некои од другите крипто-индустриски компании како „Пантер Капитал“ и „Галакси дигитал“, што им овозможуваат на клиентите со поттик да купуваат и држат биткоин преку средства, без тие самите да го допираат. Галакси и НИДИГ сега им нудат на клиентите на Морган Стенли “биткоински средства.”
Фондот на JPMorgan ќе биде наменет за клиенти со приватно богатство, изјави извор запознат со ситуацијата за CoinDesk.
Потегот на JPMorgan претставува ненадеен пресврт за банка од три трилиони долари.
Извршниот директор на JPMorgan, Џејми Димон го нарече биткоинот опасна измама во 2017 година. Подоцна зборуваше поинаку, но гласно се залагаше за регулирање на биткоинот, а тоа е во исто време токму она што љубителите на криптовалутата не сакаат да го слушнат.
„Ако сте доволно глупи да го купите, ќе ја платите цената еден ден“, рече тој во тоа време.
И покрај личниот презир на извршниот директор кон крипто-светот, замениците во неговиот оддел за корпоративно и инвестициско банкарство признаа во февруари дека побарувачката на клиентите може да ја принуди институцијата да го смени својот став. И се чини дека ова е токму она што се случува деновиве.