Секторот за управувањето со средствата и богатството на американската банка JP Morgan Chase & Co, го презеде уделот на Kraft Analytics Group (KAGR), каде финансиската вредност на аквизицијата не е обелоденета.
Клиентите на Kraft Analytics Group, во сопственост на Роберт Крафт, кој исто така е сопственик на НФЛ тимот New England Patriots, вклучуваат, меѓу другите, НФЛ тимови, тимови од најголемите американски спортски лиги, како и колеџ-атлетски програми.
Во ова необично партнерство, единицата на JP Morgan Chase & Co гледа потенцијал за раст на сопственоста во спортот за своите најбогати клиенти.
Според Роберт Крафт, она што тие го сфатиле во Kraft Analytics Group е дека повеќето сопственици на спортски тимови се фокусирани на теренот и спортистите и дека „нивните малцинства како приоритет ја ставаат деловната страна на целата приказна и оваа анализа го помага тоа“, рече човекот кој од патриотите освои шест титули.
Идејата е да се искористат купот на податоци што доаѓаат од легалното спортско обложување, продажбата на билети и концесии, да се искористат како услуга за советување на клиенти кои сакаат да купуваат спортски тимови, како и сопственици кои се обидуваат да профитираат повеќе од своите тимови.
„Сопственоста во спортската област е капитално интензивна, а специјализираната анализа е неопходна во процесот за преговорање на зделки“, рече извршната директорка на оваа единица, Мари Калахан Ердогес.
За Kraft Analytics Group (KAGR), која има повеќе од 20 клиенти, ова е прв стратешки инвеститор, а ниту KAGR ниту JP Morgan Chase & Co не сакаа да коментираат за финансискиот дел од договорот.
Интересно е што американската банка прв пат стапи во контакт со оваа фирма минатата година кога JP Morgan Chase & Co советуваше една група инвеститори за купување на бејзбол тимот на New York Mets. Иако купувањето не се случи, ЈП Морган ги опиша информациите добиени од КАГР како „вредни и корисни“.