ПОВЕЌЕ

    Јовановска: Не може да се докупи стаж за период за кој што граѓанинот нема засновано работен однос

    Време зa читање: 2 минути

    Во моментов во сила е Законот каде што оние граѓани кои што работеле, имaле зaснован работен однос, но за одреден период фирмата не им го платитла поридонесот, а отишла во стечај или ликвидација, тогаш лицето кое сака да замине во пензија може да го доплати пензискиот стаж за тој период.Значи не може да се докупи стаж за период за кој што граѓанинот нема засновано работен однос, односно не бил пријавен преку фирма во задолжително социјално осигурување, изјави во Утрински брифинг директорката на ПИОМ, Билјана Јовановска.

    Воопшто нема простор за паника или страв кај пензионерите во делот на сервисирање на пензиите. Буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во одлична кондиција. Се тече како што е планирано, има прилив и сервисирањето на пензиите до крајот на годината ќе биде редовно, па дури би рекла и предвремено, односно на крајот од месецот, вели Јовановска.

    -И покрај тоа што е ковид криза, знаемe дека владата презема низа на мерки и активности со што се зачуваа работните места, со тоа се уплаќаат и придонесите ов Фондовите. Покрај тоа има проекти и мерки во изминатата години, а верувам и оваа, за отворање на нови работни места. Во одредени сектори имаше намалување на бројот на вработени, но затоа во други сектори се зголеми бројот на вработените, се отворија нови работни места.Така што балансот остана на една права линија, односно Фондот до крајот на годината е во сосема стабилна состојба – пензионерите можат да бидат спокојни, додава директорката.

    За разлика од изминатите години, во делот на трансферот од централниот буџет кон ПИОМ, сега имаме трансфер од 38%, што значи зависноста на буџетот на Фондот од централниот буџет се намалува.Затоа сите показатели се дека ПИОМ нема да има проблеми со сервисирање на пензиите, додава Јовановска.
    Имаме тренд на зголемување на просечната пензија и во 2021. Јас верувам дека со усогласувањето што ќе биде и во јули, ќе има зголемување на просечната пензија, со тоа што кога ќе се стабилизира севкупната економска состојба во државата повеќе од сигурно е дека владата ќе преземе активности за евентуално покачување, вели Јовановска.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично