Бранимир Јовановиќ, поранешен советникот на претходниот министер за финансии на својот Фејсбук профил ја искритикува новата мерка на Владата за викенд без ДДВ за сите граѓани.
Тој предупредува дека со оваа мерка постои опасност да се рашири вирусот, ќе доведе до пад на буџетот, а најмногу корист ќе имаат богатите.
„Викенд без ДДВ е многу лоша мерка, по повеќе основи.
- Таа ќе направи ужасни гужви по продавниците, што може многу да го рашири вирусот.
- Мерката ќе доведе и до значаен пад на буџетските приходи, зашто луѓето купувањето на многу производи ќе го одложат за тој викенд кога нема да се плаќа данок.
- Од мерката многу повеќе корист ќе имаат побогатите, тие ќе ја искористат за да си купат поскапи производи без данок.
- Мерката ќе доведе и до легализација на даночната евазија, односно ќе им овозможи на фирмите прометот кој не го пријавиле претходните месеци да си го пријават тој викенд без да платат данок.”– вели Јовановиќ во објавата на својот Фејсбук профил.
Сме ја дискутирале меркава уште јас кога бев во Министерството, и тогаш успеавме да ги разубедиме останатите од Влада да отстапат од неа. Се надевам ќе отстапат и сега, бидејќи сега штетата би била уште поголема.
„Викенд без ДДВ“ е многу лоша мерка, по повеќе основи. 1. Таа ќе направи ужасни гужви по продавниците, што може многу…
Gepostet von Branimir Jovanovic am Sonntag, 17. Mai 2020