ПОВЕЌЕ

    ЈОВАНА ТРПЕСКА, АЛЕКСАНДАР БОГОЕВСКИ И АНИТА ТАНЕВСКА се најдобри банкарски службеници за 2025 во Шпаркасе банка

    Време зa читање: 3 минути

    Како и секоја година, одбележувајќи го Светскиот ден на штедењето, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците од страна на Македонска банкарска асоцијација.

    Наградите најдобри банкарски службеници од Шпаркасе Банка ги добија Јована Трпеска од Битола, Александар Богоевски од Струга и Анита Таневска од Скопје.

    Таневска во Шпаркасе Банка работи веќе шест години, како што вели таа за порталот Пари, време исполнето со посветеност, учење и континуиран професионален раст и искрено дружење со колегите, кое ја прави работата уште поубава и инспиративна. „Оваа награда за мене е потврда дека посветеноста, професионалноста и грижата кон клиентите секогаш се препознава и вреднува, но и поттик и инспирација да продолжам со уште поголема одговорност и страст во иднина“, истакнува Анита Таневска, Соработник за односи со население, Скопје

    Според неа успешен банкарски професионалец се станува пред сѐ со знаење, интегритет, посветеност, тимска работа и кога секоја одлука се носи во интерес на клиентот и на институцијата.

    Успешен банкарски професионалец се станува со голема посветеност и љубов кон работата, но се разбира голем фактор има и прекрасниот тим со кого што соработувам. Ако со љубов ја работиш работата секогаш се стремиш да бидеш најдобра верзија од себе. Во Шпаркасе Банка сум две и пол години и секој предизвик е нова можност за мој личен и професионален успех. За мене ова признание претставува голема мотивација за понатамошното работење и достигнување нови поголеми успеси“, истакна Јована Трпеска, благајник – помлад соработник, за порталот Пари.

    Наградениот Александар Богоевски, самостоен соработник за односи со мали и средни претпријатија, ни посочи дека да се биде успешен банкарски професионалец бара комбинација од знаење, интегритет, тимски дух, детален пристап во работата, ентузијазам и постојан личен развој.

    Клучно е да се поседува силна финансиска едукација, аналитичко размислување и внимание на деталите, како и високо ниво на професионална етика и доверливост. Така успехот доаѓа кога трудот и искреноста ќе се спојат во едно, но морам да напоменам „најдобар“ не се станува сам, „најдобар“ се станува кога имаш тим кој те поддржува, мотивира и поттикнува да бидеш подобар секој ден. Оваа награда за мене претставува едно големо признание за мојот вложен труд, посветеност кон работата и професионализам. Таа е потврда дека вреди да се работи со страст и одговорност и ме мотивира да продолжам со уште поголема посветеност во иднина. Во Шпаркасе Банка работам веќе 15 години и горд сум што сум дел од оваа институција која ми овозможи да се равивам професионално и лично“, вели Богоевски.

    Катерина Михајлова

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично